![]() Правилник за заштита на правото на приватност1. Општи одредбиМедис Македонија ДООЕЛ, со своите поврзани друштва го почитува вашето право на приватност и се стреми да обезбеди највисоко ниво на заштита на вашите лични податоци. Заради тоа, обврзани сме да ги вршиме нашите дејности во согласност со законите и прописите чии одредби ја уредуваат заштитата на личните податоци, а особено во согласност со применливиот Закон за заштита на лични податоци, Законот за електронски комуникации и Општата регулатива на Европската унија за заштита на лични податоци (GDPR). Целта на изјавата за заштита на лични податоци е да ве информираме зошто се собираат вашите податоци и за начинот на нивна употреба, како и за правата што ги имате во врска со податоците што ги чуваме за вас и како да ги остварите истите. Медис Македонија ДООЕЛ, со своите поврзани друштва, се обврзува дека соберените податоци што ни ги праќате ќе ги користи во согласност со Изјавата за заштита на лични податоци, дека вашите податоци нема да се продаваат, позајмуваат, ниту праќаат на трети лица, на каков било начин, освен во случаите наведени во оваj правилник. 2. Оператор на податоциОператор на вашите лични податоци е Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија преку Медис Македонија ДООЕЛ, ул. Наум Наумовски Борче бр. 50/2-6, Скопје, gdpr(at)medis-health.com, број на телефон (02) 3117-774. Бидејќи вашата приватност ни е исклучително важна, за таа цел назначивме овластено лице за заштита на лични податоци на кое можете да му се обратите ако имате прашања поврзани со обработката на вашите лични податоци. Овластеното лице за заштита на лични податоци во нашето друштво е „ЈК Груп“ (JK Group) д.о.о., Стегне 27, 1000 Љубљана, Словенија. За одговорно лице е именуван Матија Јамник. За да стапите во контакт со овластеното лице за заштита на лични податоци, испратете порака на адресата на е-пошта gdpr(at)medis-health.com или јавете се на телефонскиот број (02) 3117-774. Сите теми и содржини што ги обработува овластеното лице за заштита на лични податоци се строго доверливи. Овој Правилник за заштита на правото на праватност се однесува на:
3. Видови лични податоциВашите лични податоци ги обработуваме само врз основа на јасно наведени и законски основи кои се утврдени во овој правилник. Медис д.о.о. – Претставништво Скопје е посветено на принципот на минимален обем на податоци, што значи дека ги собираме, чуваме и обработуваме само податоците што ни се потребни за да ја исполниме целта за која истите се собрани. Вашите лични податоци ги собираме директно од вас (на пр., кога ни ги испраќате вашите податоци при нарачување на нашите услуги, кога учествувате на нашите настани, преку вашите прашања или на кој било друг начин на кој ни ги проследувате вашите податоци). Исто така, вашите лични податоци можеме да ги земеме од јавно достапна евиденција. Личните податоци што ги обработуваме може да опфаќаат:
4. Цел на обработување на податоците и видови лични податоциСите лични податоци што ни ги проследувате нам, се обработуваат доверливо и се користат само за целите за кои истите се проследени. Ако постои потреба за дополнителна обработка на вашите податоци за друга цел, ќе стапиме во контакт со вас и ќе побараме ваша согласност. Заради прегледност, сортиравме две групи за целите за кои ги обработуваме вашите лични податоци:
1. Цели за обработка за стручната јавностВо прилог, наведени се целите за обработка на лични податоци на поединци од стручната јавност (дефиниција за категории на стручна јавност побарајте во последната точка од овој правилник) и учесниците во клинички испитувања. Стручно известување за лекови, додатоци на исхрана, медицински средства и настани за стручната јавност од областа на здравството и фармацијата Податоците за име, презиме, адреса и податоци за контакт и образование, како и податоци за работното место на професионалните лица од областа на здравството и фармацијата, се собираат за цели на известувања за лекови, додатоци на исхрана и медицински средства што наведеното друштво ги застапува и продава, како и настаните што истото ги организира. Стручното известување се врши врз основа на ваша согласност, при што согласноста за стручно известување може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права во врска со испраќање стручни известувања се достапни во точката „Вашите права“. Стручните известувања се испраќаат врз основа на основното приспособување на содржината во поглед на вашата област (здравство, фармација) и во поглед на вашите одговори на одредени содржини и ваши преференции. Тоа приспособување се врши врз основа на нашиот легитимен интерес во понудата на тековни решенија за лекови за интеракција со клиенти. Обработка на повратни информации од стручната јавност од областа на здравството и фармацијата за цели на персонализирано испраќање известувања Повратните информации што нашите претставници ги собираат на терен и преку анкети за задоволство од нашите услуги, се собираат за цели на приспособување на испраќањето известувања со преференции на поединецот. Тоа се информации за преференции за стапување во контакт со вас преку комуникацискиот канал што вие го претпочитате, податоци за траење на интеракцијата со нашето друштво, за местото на таквата интеракција, за вашиот одговор на различни интеракции со нашиот претставник и детали за какви било претходни врски со други здравствени организации. Во интерес на овозможување ефикасно и успешно управување со нашето работење и неговото водење и во интерес на нудење актуелни решенија за интеракција со клиенти за нашите производи во согласност со законот ги обработуваме горенаведените податоци. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од овој правилник. Директно рекламирање фармацевтски производи на вработените во аптеки и веледрогерии Податоците за име, презиме, ЕМБГ, адреса и податоци за контакт, образование и податоци за работно место на стручни лица од областа на фармацијата ги употребуваме за цели на директно рекламирање лекови, додатоци на исхрана, медицински средства и медицинска опрема што наведеното друштво ги застапува и продава. Горенаведените податоци ги обработуваме во интерес на овозможување ефикасно и успешно управување со нашето работење и негово водење, како и со цел да понудиме актуелни решенија за интеракција со клиенти за наши производи, во согласност со закон. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од овој правилник. Спроведување клинички испитувања од различни области на медицината Податоците за име, презиме, ЕМБГ, пол, возраст, податоци за контакт и здравствена состојба ги употребуваме за цели на спроведување клинички испитувања и испраќање известувања за актуелни клинички испитувања. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност. Согласноста за добивање рекламни пораки може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права во врска со испраќање стручни известувања се достапни во точката „Вашите права“. Склучување договори за едукација и договори за авторски права и спроведување на нивните одредби Податоците за вашето име, презиме, адреса, податоци за контакт, IBAN, ЕМБГ ги употребуваме за цели на склучување договори за едукација и договори за авторски права и за спроведување на нивните одредби. Тие податоци се обработуваат врз основа на одредбите од договорите. Повеќе за договорот како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од овој правилник. 2. Општи цели за обработкаВо оваа точка се наведени целите за обработка кои може да бидат релевантни за двете групи; т.е. за стручната јавност и за крајните корисници. Пополнување барање за одредени законски прописи Во одредени случаи, законските прописи може од нас да бараат обработка односни проследување на вашите лични податоци. Во тој случај вашите лични податоци ги обработуваме врз основа на законските одредби; таквата обработка, односно проследување лични податоци е задолжителна. Чување податоци на неизбрани кандидати на огласите за слободно работно место што кандидатот ги проследува Податоците за име, презиме, е-пошта, адреса, мобилен телефон и биографија ги употребуваме за цели на објавување оглас за слободно работно место и испраќање известувања за актуелни работни места. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање рекламни пораки може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Спроведување наградни конкурси и промотивни кампањи што ги организира Медис Македонија ДООЕЛ Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и адреса ги употребуваме за цели на спроведување награди конкурси и промотивни кампањи. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за известување за наградни конкурси и промотивни кампањи може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Испраќање бесплатни примероци на претплатниците Податоците за име, презиме, старост, е-пошта и адреса ги употребуваме за цели на испраќање бесплатни примероци. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање бесплатни примероци може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Овозможување пристап до клубот на лојалност Новалак (Novalac) и негова употреба Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и возраст на детето ги употребуваме за клубот на лојалност. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање известувања за новости во клубот на лојалност Новалак може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Овозможување пристап до клубот на лојалност Дефендил (Defendyl) и негова употреба Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта ги употребуваме за клубот на лојалност. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање рекламни пораки може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Комуникација со корисници врз основа на ваши прашања, без оглед на комуникацискиот канал (е-пошта, пополнување формулари за контакт на нашата интернет-страница, телефонски повик итн.) Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и адреса ги употребуваме за одговарање на вашите прашања. Во интерес на запознавање на нашите клиенти со дополнителни информации и презентации заради подобрување на понудата на наши услуги, претходно наведените податоци ги собираме и обработуваме во согласност со законската основа. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од овој правилник. Спроведување конкурс за наградите „Медис“ (Medis Awards) Податоците за име, презиме, ЕМБГ, адреса и контакт, образование, работно искуство, податоци за пријавен проект и податоци за работно место на стручни лица од областа на здравството, ги употребуваме за спроведување на конкурсот за наградите „Медис“. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање известувања и за конкурсот за наградите „Медис“ може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Испраќање е-новости на крајните корисници Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и адреса ги употребуваме за испраќање е-новости. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање е-новости може да ја повлечете во кој било момент. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“. Е-новости се испраќаат врз основа на основно приспособување на содржината на производите за кои сте изразиле заинтересираност. Со цел да ги запознаеме нашите клиенти со дополнителните информации и презентации заради подобрување на понудата на нашите услуги, претходно наведените податоци ги собираме и обработуваме во согласност со закон. Испраќање е-новости на нашите партнери и потенцијални партнери Податоците за име, презиме и е-пошта ги употребуваме за испраќање е-новости. Со цел да овозможиме ефикасно и успешно управување со нашето работење и неговото водење, наведените податоци ги собираме и обработуваме во согласност со законот. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од овој правилник. 5. Корисници на податоциОператорот на податоците може да ги проследи вашите лични податоци на трети лица само во Европската економска зона. Пристапот на трети лица до вашите податоци и обработката на податоците од страна на трети лица се ограничени на целта за која истите се собрани. Сите трети лица на кои ги проследуваме вашите лични податоци се обврзани да се придржуваат кон важечките закони, особено Општата регулатива на Европската унија за заштита на лични податоци (GDPR) и одредбите од овој Правилник за заштита на правото на праватност. Вашите лични податоци може да ги проследиме:
Одредени лични податоци ги разменуваме со претходно наведените трети лица. Ќе се увериме дека пристапот на трети лица да биде овозможен само за целите утврдени во овој Правилник за заштита на правото на праватност. Ги преземаме соодветните мерки за да обезбедиме пристап до вашите лични податоци да имаат само лица вработени кај кои било од наведените трети лица, а на кои пристапот до личните податоци им е потребен заради вршење на нивната работа. Пристапот до личните податоци го ограничуваме на Медис фармацевтско друштво и вработените во нашите поврзани друштва. Сите вработени лица што имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги заштитат личните податоци што се обработуваат. Во согласност со релевантните прописи за заштита на лични податоци и приватност, ќе ги преземеме соодветните мерки за да се увериме дека вашите лични податоци се заштитени при секој пренос. Тие мерки ќе ги утврдиме со донесување соодветни договорни рамки што ќе го одредуваат степенот на заштита на личните податоци. 6. Законски основи за употреба на лични податоциОсновите на кои ги користиме вашите лични податоци се наведени во прилог:
При обработување на вашите лични податоци врз основа на согласност, проследувањето лични податоци секогаш е доброволно и без негативни последици за вас. Меѓутоа, ве предупредуваме дека не можеме да обезбедиме одредени услуги без ваша согласност или по повлекување на вашата согласност (на пр., употреба на клубот за лојалност Новалац). 7. Период на чувањеСите лични податоци што ги обработуваме, ги чуваме во согласност со законските прописи и онолку време колку што е потребно за да ја исполниме целта за која се собрани податоците. Кога времето за чување на лични податоци е законски пропишано, ги чуваме во согласност со одредбите на законот. Кога личните податоци се собираат и обработуваат врз основа на ваша експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе ги чуваме трајно, односно додека не ја повлечете согласноста. Ако целта за која се обработуваат податоците е исполнета, вашите податоци ќе бидат избришани иако не сте ја повлекле вашата согласност. На пример, при организирање награден конкурс, целта за собирање и обработување е исполнета кога наградите ќе се доделат, а потоа сите податоци се бришат (со исклучок на оние што ни се потребни од законски причини), дури и ако не ја повлечете вашата согласност, бидејќи целта за собирање податоци е исполнета (односно наградите се доделени). 8. Начин на заштитување на вашите лични податоциМедис д.о.о. Словенија се обврзува да ги заштити личните податоци што ни ги проследувате. Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија ќе направи сè за да ги заштити личните податоци од какви било прекршоци или злоупотреби согласно. Личните податоци ги чуваме во печатена или дигитална форма. Сите отпечатени документи со ваши лични податоци се чуваат во заштитени простории, а компјутерските системи се заштитени со технички и организациски мерки со кои се спречува намерно или ненамерно уништување, губење, оштетување, измена или неовластено откривање на вашите лични податоци или пристап до вашите лични податоци согласно Општата регулатива на Европската унија за заштита на лични податоци (GDPR). Техничките и организациските мерки што ги користиме за заштита на вашите лични податоци, вклучуваат:
По истекување на периодот на чување, односно повлекување на дадената согласност, податоците (вклучувајќи ги и можните копии) веднаш се бришат трајно и неповратно. Исто така, се уништуваа, односно трајно се бришат сите можни носачи на лични податоци на кои се наоѓаат податоците. Ако се прекршат законските прописи за заштита на лични податоци, за тоа прекршување веднаш ќе го известиме надлежниот надзорен орган. Повеќе за функциите на надлежниот орган можете да прочитате на нивната интернет-страница. Ако при прекршување на законските одредби за заштита на лични податоци се појави сомневање за постоење на кривично дело, тогаш веднаш ќе ја известиме полицијата, односно надлежниот обвинител. Ако се прекршат законските прописи за заштита на лични податоци и ако тоа претставува голем ризик за правата и слободите на поединецот чии податоци ги обработуваме, веднаш ќе ве известиме за тоа. 9. Вашите праваМедис Македонија ДООЕЛ гарантира остварување на сите ваши права што ви припаѓаат во врска со обработка на вашите лични податоци. Одјавување од испраќање стручни известувања за производи Ако не сакате да добивате известувања за производите што Медис Македонија ДООЕЛ и поврзаните друштва ги застапуваат и продаваат, можете за тоа да нè известите на gdpr(at)medis-health.com или да се јавите на бројот (02) 31117-774 или да го известите нашиот стручен соработник (ако сте стручно лице од областа на здравството и фармацијата). Лицето на кое се однесуваат личните податоци може во кое било време да го побара следното од Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија:
Лицето може да ја повлече согласноста на кој било начин кој е наведен во точка 10 од овој правилник. Повлекувањето на согласноста нема никакви негативно последици за вас. Може да се случи по повлекување на согласноста да не бидеме во можност да ви обезбедиме одредени услуги ако истите не можат да се обезбедат без проследување на вашите лични податоци (на пр., без обработка на вашата е-пошта не можеме да ви понудиме услуги за праќање известувања преку е-пошта). Секој поединец на кој се однесуваат личните податоци има право да поднесе жалба кај службеникот за информирање. Своите права можете да ги остварите така што ќе ни се обратите со е-пошта, на следната адреса: gdpr(at)medis-health.com со назнака заштита на лични податоци или со јавување на телефонскиот број (02) 3117-774. Медис фармацевтско друштво д.о.о. се обврзува, без одложување, да одговори на барањата на поединците на кои се однесуваат личните податоци, а најдоцна во законски пропишаниот рок. 10. КонтактНа прашањата за доверливост на вашите податоци, начинот на собирање и обработка на податоци или на вашите барања за остварувања права во врска со податоците, ќе ви одговори одговорното лице за заштита на лични податоци. За да стапите во контакт со овластеното лице за заштита на лични податоци, испратете порака преку е-пошта на адресата gdpr(at)medis-health.com или јавете се на главниот телефонски број на друштвото (02) 3117-774. 11. ДефиницииВо оваа точка се наведени дефиниции за термините што ги користиме во овој правилник. Личен податок е секоја информација која се однесува на физичко лице, како што се: име, идентификациски број, интернет ознака за идентификација и податоци за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, психолошкиот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на поединецот. Обработка на податоци е секое дејство или низа дејства што се вршат врз личните податоци, а кои особено вклучуваат собирање, уредување, складирање, чување, разгледување, пронаоѓање, бришење и уништување на тие податоци. Оператор е физичко или правно лице кое само или заедно со други лица ги одредува целта и средствата за обработување. За потребите на овој правилник, обработувач на лични податоци е Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија. Обработувач на податоци е физичко или правно лице, односно орган на власта или агенција, односно друг орган кој ги обработува личните податоци во име на операторот. Стручна јавност се однесува на физички лица кои работата во медицинската или фармацевтската струка (како на пр., здравствени установи, аптеки) и лица вработени во веледрогерии со кои соработуваме. Краен корисник на податоците значи секое физичко лице што ги користи нашите услуги (членови на клубовите на лојалност итн.). 12. ИзмениГо задржуваме правото повремено да ја приспособуваме предметната изјава за заштита на лични податоци според фактичките односи и законските прописи од областа на заштита на лични податоци. Затоа, пред секое проследување лични податоци, проверете ја актуелната верзија за да добиете информации за измените и надополнувањата. Актуелната верзија на овој правилник е достапен на нашата интернет-страница: https://www.medis-health.com/mk/data-protection |